Заврши европскиот тамбурашки фестивал во Кратово, победници РКУД „Пелагиќ“ од Бања Лука

Општина Кратово по седми пат беше домаќин на меѓународната манифестација „Европски фестивал на тамбурашки оркестри“. Фестивалот го отворија локалниот оркестар „Кратовски тамбураши“ и легендата на македонската тамбурашка музика Нино Величковски. Меѓународен призвук на фестивалот му дадоа настапите на хрватскиот состав „Беќаруше“ од Славонска Пожега, српскиот оркестар „Тамбураториум“ од Панчево и босанските уметници „Пелагиќ“ од Бања Лука.

Настанот го организираше Здружението за култура и уметност „Св.Ѓорѓи Кратовски“, а под покровителство на Министерството за култура и градоначалникот на Кратово.
-Ова беше одлична можност за љубителите на тамбурата да уживаат во прекрасните изведби на тамбурашките оркестри. Публиката беше навистина задоволна, само жал ми е што не присуствуваа во поголем број и да уживаат во звуците на тамбурата. До крајот на гоината ќе имаме уште настани, со цел да го збогатиме културно-забавниот живот во Кратово за да може кратовци да уживаат во овие манифестации – истакна градоначалникот Мите Андоновски.
Со громогласен аплауз од публиката, за победник на фестивалот беше прогласен тамбурашкиот оркестар „Пелагиќ“ од Бања Лука.

Фотографија на Аберџија / Aberdzija news portal.

Превземено: http://www.aberdzija.com/gradska/zavrshi-evropskiot-tamburashki-festival-vo-kratovo-pobednici-rkud-pelagikj-od-banja-luka.html

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin