С о о п ш т е н и е

Општина Кратово Ве информира дека на ден 20.07.2017 (четврток) со почеток од 04.30 часот до 08.00 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци во 2017 година на територијата на општина Кратово.

Со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од с.Кетеново нагоре, и целото градско подрачје.

Се известуваат пчеларите во времето на третирањето и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin