Заврши асфалтирањето на патот до манастир св.Илија во с.Филиповци

Деновиве, беше завршен и проектот насловен „Изградба на пешачка патека од регионален пат 2274 до манастир св.Илија км 0+000 до км 0+287,72“.

Целосно е завршено асфалтирањето на патот во должина од 288 м, со широчина од 3,50метри и со банкини од двете страни од по 0,50 м или пак вкупно 4,5 метри широчина на планумот. Изведувањето на градежните работи на патот се одвива во неколку фази: геодетски работи, одбележување на трасата, расчистување на трасата од грмушки, дрва, корени, земјени работи, изработка на насипи, ископ на хумус со трева, обработка на подтлото и други градежни и земјени работи.

Со асфалтирањето на овој пат се овозможи подобрување на патната – сообраќајна комуникација во населеното место, подобрени се и условите за максимална безбедност на пешаците и посетителите на манастирот св. Илија во с.Филиповци.

Инаку средствата за изградба на овој пат се обезбедени од страна на општината и од Бирото за регионален развој.

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin