Педесетта седница на Советот на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на педесетта седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам педесеттата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 04.08.2017 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог – Одлука за измени и дополнување на Буџетот на општина Кратово за 2017 година (прв ребаланс);

2. К1 образец – Квартален извештај за реализација на Буџетот на општина Кратово за периодот од 01.01.2017 – 30.06.2017 година;

3. К2 образец – Квартален извештај за достасани ненамирени обврски на општина Кратово;

4. К3 образец – Квартален извештај за промената на состојбата за секое задолжување на општина Кратово;

5. Предлог – Одлука за давање на согласност за прифаќање на Договорот и овластување на Градоначалникот за потпишување на Договор за спроведување на проекти за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Североисточниот плански регион во рамките на ИПА 2;

6. Буџетски календар за донесување на Буџет на општина Кратово за 2018 година;

7. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin