Денеска, 6-ти Септември 2017 година, го одбележуваме ослободувањето на град Кратово со положување на свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци.
Историјата вели: Единаесеттата македонска ударна бригада била формирана во село Пелинце, Кумановско на 27 август 1944 година, на денот на формирањето бригадата броела 370 новопристигнати борци од Кумановско, Кривопаланечко и Кратовско. Во својот едномесечен борбен пат бригадата разви широка борбена активност како што е нападот на железничката станица Глишиќ, нападот на Страцин на 5 септември 1944, нападот и борбите за ослободување на Кратово на 6 септември 1944, разоружувањето на бугарската војска, која преку Кумановско се повелкуваше кон Бугарија, диверзантски дејства по комуникациите Велес-Скопје и други. Оваа бригада на 30/31 август 1944 година имаше жестоки борби кај кумановската железничка станица Глишиќ против бугарската окупаторска војска, при што, успеа да ја разурне пругата во должина од 150 м. На 2 сепетмври 1944, бригадата ја нападна бугарската посада во Берово, потоа бугарската посада кај Страцин на 5 септември 1944 година за да, пак, повторно, на 8 септември го нападне Берово и да завладее со градот. На 6-ти септември бригадата го ослободи Кратово.



