ЗП „Кратово“ во женска конкуренција најдобри во пикадо на 22-рите Републички пензионерски спортски натпревари

На 2-ри Септември на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во градот на оризот Кочани се одржаа 22-рите Републички пензионерски спортски натпревари. Пред голем број љубители на спортот и навивачи, во 11 дисциплини во машка и женска конкуренција, во 23 категории се натпреваруваа 500 спортисти од 40 здруженија на пензионери, кои со своите резултати на регионалните спортски натпревари се изборија за учество на оваа најмасовна спортска манифестација во РМ.

ЗП „Кратово“ учествуваше во 5 дисциплини, а најголем успех имаа во пикадо во женска конкуренција каде екипата составена од Елица Ампевска, Ѓурѓа Фимчева, Верка Алексовска и резерва Лозана Трајковска го освоија првото место, на кои медалите им беа врачени од Ѓорѓи Серафимов.

DSC04712

Во дисциплина трчање мажи до 60 години, второ место освои Благоја Цветановски од ЗП „Кратово“, најдобра во женска категорија дисциплина домино беше Становитка Стојановска од Кратово.

На крајот беа прогласени и најдобрите поединци во 3 дисциплини, каде епитетот за најдобра во женска конкуренција во пикадо го понесе Елица Амповска од ЗК „Кратово“.

DSC04705

Наградените успешни пензионери, вчера остварија средба со Градоначалникот на општина Кратово г-дин Мите Андоновски, кои задоволни од организацијата и учеството на овие спортски игри го запознаа градоначалникот.

DSC04702 DSC04711

facebooktwittergoogle_pluslinkedin