Педесет и прва седница на Советот на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на педесет и првата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам педесет и првата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 22.09.2017 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од четириесет и деветтата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 30.06.2017 година;

– Предлог – Записник од педесеттата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 04.08.2017 година;

1. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Кратово за 2017 година;

2. Предлог – Одлука за примање на донација;

3. Предлог – Одлука за дополнување на Годишната програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на општина Кратово за 2017 година;

4. Предлог – Решение за давање согласност за формирање и работа на чисти паралелки со помалку од 24 ученици и за формирање и работа на конбинирани паралелки во ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово за учебната 2017/2018 година;

5. Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово за учебната 2016/2017 година;

6. Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово за учебната 2017/2018 година;

7. Предлог – Решение за давање на согласност за формирање и работа на паралелки во кои бројот на ученици е помал од 25 во учебната 2017/2018 година во СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово;

8. Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за учебната 2016/2017 година;

9. Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишната програма за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за учебната 2017/2018 година;

10. Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на Ученичкиот дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за учебната 2016/2017 година;

11. Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишната програма за воспитно – образовната работа на Ученичкиот дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово за учебната 2017/2018 година;

12. Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово за работната 2016/2017 година;

13. Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишната програма за работата на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово за работната 2017/2018 година;

14. Предлог – Одлука за давање на согласност за формирање и работа на воспитни групи со поголем број на деца во ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово во работната 2017/2018;

15. Извештај со Предлог – Решение за усвојување на Извештај за безбедносна состојба и преземени мерки во текот на првите шест месеци од 2017 година на Полициска станица од општа надлежност Кратово и

16. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin