Заврши асфалтирање на неколку краци на улици во Кратово

Во Општина Кратово заврши асфалтирањето на фудбалското игралиште до средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“, спортски терен кој е наменет за учениците во училиштето и кој ќе допринесува за подобар развој на спортот во општина, на улицата „Михајло Апостолски“ заврши и асфалтирањето на кракот кој води до новата спортска сала до основното училиште „Кочо Рацин“ во должина од 130 метри.

Заврши и асфалтирањето на крак од улицата „Никола Тесла“ во должина од 80 метри како и крак на истата улица во должина од 200 метри, овие градежни работи – асфалтирање беше извршено од страна ДПГТУ „Кооп Инжинеринг“ ДОО Куманово.

Untitled collage

Untitled collage (1)

 

 

 

 

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin