Втора седница на Советот на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на втората седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам втората седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 30.10.2017 година (понеделник) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 14 часот и 15 минути.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

Предлог – Записник од првата (конститутивна) седница на советот на општина Кратово одржана на ден 25.10.2017 година;

1. Предлог – Одлука за формирање на комисии, одбори и други работни тела на советот на општина Кратово;

2.Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и за именување на членови на Училишниот одбор на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;

3.Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и за именување на членови на Управниот одбор на ОУ „Музеј на град Кратово“ Кратово ;

4.Предлог – Решение за давање предлог за член  на  Управниот одбор на ЈУ Центар за социјална работа Кратово;

5.Предлог – Решение за именување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

6. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

7.Предлог – Решение за именување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

8.Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;

9. Разгледување на одговорите од ЈП и Јавните општински установи по барањето за доставување на податоци;

10. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово. Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Ранко Арсов

facebooktwittergoogle_pluslinkedin