Третта седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на третата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам третата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 10.11.2017 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 11 часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог – Одлука за отстапување на користење и управување на „Градски зелен пазар“ на Јавно Претпријатие „Кратово“ – Кратово;

2. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово. Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Ранко Арсов

facebooktwittergoogle_pluslinkedin