Дневен ред за четвртата седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на четвртата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам четвртата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 15.11.2017 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 14 часот и 15 минути.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

Предлог – Записник од втората седница на советот на општина Кратово одржана на ден 30.10.2017 година;

Предлог – Записник од третата седница на советот на општина Кратово одржана на ден 10.11.2017 година;

1. Квартален извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на општина Кратово за третиот квартал од 2017 година;

2.Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Кратово за 2017 година;

3.Планови на Програми за развој со Предлог – Одлука за усвојување на Плановите на Програмите за развој на општина Кратово;

4.Предлог – Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за активностите на општина Кратово од областа на културата за 2018 година;

5.Предлог – Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за активностите на општина Кратово од областа на здравството и социјалната заштита за 2018 година;

6. Предлог – Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за активностите на општина Кратово од областа на спортските активности за 2018 година;

7.Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 2188/2 КО Кратово;

8.Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 1873 КО Филиповци;

9. Годишен план за вработување со Предлог – Одлука за давање согласност на годишениот план за вработување на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово за 2018 година;

10.Предолг – Решение за констатирање престанок на мандат и за именување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ – Кратово;

11.Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ – Кратово;

12. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Дом на културата „Лазар Софијанов“ Кратово;

13. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог – Програма за работа на Советот на општина Кратово;

14.Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово. Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Ранко Арсов

Scroll to Top