Пристап до информации од јавен карактер на лица со попреченост

На 30 ноември 2017 година (четврток), во сала за состаноци на Совет на општина Кратово од 11:00 часот, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „ИНКЛУЗИВА“ и општина Кратово Ве покануваат, да учествувате на јавна дебата на тема:

Пристап до јавни информации за лицата со попреченост во општините и локалната јавна администрација во североисточен регион на Република Македонија.

Untitled collage (4)

На овој настан ќе бидат презентирани наодите од истражувањето за пристапност на постоечките веб-страници на општините во северо-источен регион како и  препораките за нивно подобрување за да бидат достапни за лицата со попреченост.

На јавната дебата се поканети претставници на Министерство за локална самоуправа, претставници на општините Кратово и Пробиштип, јавните институции и установи од општините, организациите на граѓанското општество, граѓански организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост како и лица со различни видови на попреченост.

Оваа активност ќе придонесе да се  поттикнат конкретни промени за подобрување на состојбата за пристапност до јавни информации за лицата со попреченост во општините во РМ.

Дебата е дел од активностите во рамките на проектот „Достапни јавни информации за лица со попреченост“ финансиран од ЕУ.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin