Дeнеска на јавната дебата во Кратово здружението ИНКЛУЗИВА и општина Кратово потпишаа Меморандум за соработка.
По претставување на проектот: „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“, претставниците на Инклузива го презентираа извештајот од истражувањето за пристапноста на веб страниците во овој регион, како и препораките за адаптација за достапност за лица со различен вид на попреченост.
Градоначалникот на Кратово г-дин Љупчо Бојаџиев во своето излагање посочи дека дава целосна поддршка за решавање на ова прашање, но и за сите други можни решенија за вклучување на лицата со попреченост и нивните семејства во локалната заедница и општеството. Учесниците од Кратово и Пробиштип активно дискутираа за проблемите на оваа категорија на граѓани, но нудеа и поддршка, информации и подготвеност за меѓусекторска соработка помеѓу институциите и НВО.



