3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби во Дневниот центар за престој на лица со попреченост во Кратово кој работи во рамките на ЈУ Ценатр за социјални работи-Кратово, ги посети денеска Градоначалникот на општина Кратово д-р Љупчо Бојаџиев кој донираше пригодни подароци за секое дете. На одбележувањето на денот покрај родителите беа присутни и други многу бројни гости.

Во просториите на центарот, беше организирана приредба за одбележување на истиот меѓународен ден. Со свои точки настапија дечињата која го посетуваат секојдневно центарот заедно со своите стручни лица кои секоја година се подготвуваат да покажат што научиле во текот на образовниот процес. Успешно изведените точки од децата од посебните паралелки измамија бурни аплаузи од присутните гости.
viber zore
viber gradonacalnik
viber grad
viber 1
Scroll to Top