Известување до граѓаните од Силком ДООЕЛ Кратово

Известување за состојбата за водата во град Кратово од Силком ДООЕЛ Кратово

Во текот на денешниот ден – среда (06.12.2017 год.) протокот на водата за во градската мрежа течеше без прекин со редовно хлорирање. Сите параметри кои ги анализиравме, како што се матноста, pH, електролитна спроводливост, температура и резидуален хлор, се во рамките на дозволеното како на сировата вода така и на преработената вода од резервоарите.

Scroll to Top