Дневен ред за петтата седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на петтата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам петтата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 12.12.2017 година (вторник) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 14 часот и 15 минути.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

Предлог – Записник од втората седница на советот на општина Кратово одржана на ден 30.10.2017 година;

Предлог – Записник од третата седница на советот на општина Кратово одржана на ден 10.11.2017 година;

Предлог – Записник од четвртата седница од советот на општина Кратово одржана на ден 15.11.2017 година;

1. Предлог-Одлука за обезбедување на средства за исплата на надоместок за извршената работа за спроведување на Локалните избори 2017 година на претседателот, членовите, секретарот и нивните заменици на Општинската изборна комисија Кратово и на претседателите, членовите и нивните заменици на избирачките одбори и за превоз и такси превоз;

2. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Кратово за 2017 година;

3. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените за издавање на пазаришни места на Градски пазар – Кратово;

4. Предлог – Одлука за отстапување на вршење на работите на оддржување на јавна чистота на ЈП „Кратово“ Кратово;

5. Предлог – Одлука за отстапување на Одлуката за утврдување потреба за поставување на урбана опрема на територијата на општина Кратово

6. Предлог – Програма за констатирање престанок на мандат и за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово;

7. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и за именување на член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом Кратово;

8 Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово. Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Ранко Арсов

facebooktwittergoogle_pluslinkedin