Понеделник (25.12.2017 година) од 9 часот Крводарителска акција во општина Кратово

Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија и Градоначалникот на општина Кратово Ве известуваат дека на 25-ти Декември – понеделник од 09 до 15 часот ќе одржи крводарителска акција во просториите на општинската зграда – во салата за состаноци.

Општината ги повикува сите заинтересирани хумани граѓани да се вклучат во оваа акција, да даруваат крв и да спасат нечиј живот.

Општина Кратово ќе продолжи со организацијата на вакви хуманитарни акции и во наредниот период.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin