Дневен ред за шестата седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на шестата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам шестата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 27.12.2017 година (среда) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 14 часот и 15 минути.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

Предлог – Записник од четвртата седница од советот на општина Кратово одржана на ден 15.11.2017 година;

Предлог – Записник од петтата седница од советот на општина Кратово одржана на ден 12.12.2017 година;

1. Предлог-Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа на Советот на општина Кратово за 2018 година;

2. Предлог –  Буџетот на општина Кратово за 2018 година (Јавна расправа за Предлог-Буџетот на општина Кратово за 2018 година);

3. Предлог – Одлука за дизвршување на Буџетот на општина Кратово за 2018 година;

4. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2018 година;

5. Предлог – Одлука за сопствено учество во Проект: „Реконструкција-Обновување на улица „Св.Ѓорѓи Кратовски“, општина Кратово;

6. Предлог – Програма за отстапување на вршење на работите на собирање и транспортирање на комунален отпад и други видови на неопасен и интертен отпад на ЈП „Кратово“ Кратово;

7. Програма со Прелог-Одлука за усвојување на Програма за работа на јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“ Кратово;

8. Годишна Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за работа на овластен комунален инспектор во 2018 година;

9. Годишна Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за работа на овластениот градежен инспектор во 2018 година;

10. Предлог-Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за уредување на градежно земјиште и изградба на објекти за комунална инфраструктура во општина Кратово за 2018 година;

11. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на општина Кратово за 2017 година;

12. Годишна програма со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на општина Кратово за 2018 година;

13. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа на ОУ Музеј на град Кратово за 2017 година;

14. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за работа на ОУ Музеј на град Кратово за 2018 година;

15. Годишен план со Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот план за вработување за 2018 година на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово;

16. Годишна програма со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за работа и развој на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово за 2018 година;

17. Предлог-Одлука за избор на Командир на Полициска станица од општа надлежност Кратово;

18. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈП „Кратово“ Кратово;

19. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Кратово“ Кратово;

20. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово;

21. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Училишниот одбор на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово;

22. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово. Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Ранко Арсов

facebooktwittergoogle_pluslinkedin