МАЛ БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ „ХИМНИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО“

МАЛ БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ

ХИМНИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО“

05.01.2018 година 13.00 часот

Мултимедијален центар (Кино сала) – Кратово

Веќе шеста година по ред, во организација на Општина Кратово традиционално се одржува  Мал Божиќен Концерт „Химни на Рождество Христово“

И оваа година овој духовно – културен настан ќе понуди богата програма составена од песнопенија посветени на големиот православен христијански празник во изведба на црковниот хор „Свети Ѓорѓи Кратовски“

На концертот исто така учество ќе земат и децата од Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово.

Концертот ќе има хуманитарен карактер, сите донирани средства ќе бидат наменети за лекување на малата Билјана Пешевска на која што нашата помош и поддршка сега и е најпотребна!

Дојдете заедно да ги припремиме срцата за големиот празник на Рождество Христово во милосрдие и љубов!

Покана Божиќен концерт 2018g

Scroll to Top