Прослава на големиот христијански празник Богојавление – Водици

Ве известуваме по повод големиот христијански празник Богојавление“ – Водици, на ден 19.01.2018 година (петок), во 11 часот на Градскиот базен во Кратово ќе се изврши голем „Богојавленски водосвет“ – фрлање на православниот крст, под покровителство на градоначалникот на општина Кратово д-р Љупчо Бојаџиев и претставници од Кумановско-осоговската епархија.

За најсреќниот граѓанин кој ќе го фати крстот следува награда телевизор.

Општина Кратово за многубројните посетители на овој традиционален верски настан, која од година во година станува се помасовен обезбеди топли пијалоци за сите присутни за да гопрославиме овој убав ден.

Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Господ Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

За многу години!

16112957_10154247574313443_4015029188457281696_o

facebooktwittergoogle_pluslinkedin