Во родниот град на револуционерот Павел Шатев ќе се одржи панихида

Во Кратово на 30-ти Јануари 2018 година (вторник) од 10часот, на местото каде што е поставена спомен бистата на Павел Шатев, ќе се одржи панахида со што ќе се одбележи годишнината од смртта на познатиот македонски револуционер, родољуб и публицист.

pavel-satev

Почит на последниот македонски гемиџија, револуционер, публицист, патриот и македонски интелектуалец, Павел Шатев кој целиот свој живот го посвети на македонското ослободително дело ќе се одржи во вторник (30.01.2018 година) во 10 часот на спомен бистата во Кратово (поставена пред Основниот суд) со положување на свежо цвеќе.

Павел Шатев се вбројува меѓу ретките македонски револуционери, политичари и државници од постарата генерација, кој ги преживеа сите премрежја на македонската ослободителна борба.

По ослободувањето на Македонија, Шатев трагично го заврши својот живот во битолската затворска болница во тешки услови. Погребан е на 30 јануари 1951 година на Светонеделските гробишта во Битола.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin