Дневен ред за седмата седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на седмата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам седмата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 30.01.2018 година (вторник) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 15 часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

Предлог – Записник од шестата седница од Советот на општина Кратово одржана на ден 27.12.2017 година;

  1. Предлог – Одлука за времено преместување, одржување, заштита и користење на спомен обележје-скулптура посветена на Свети новомаченик Ѓорѓи Кратовски;
  2. Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извшрување на Буџетот на Општина Кратово за четвртиот квартал од 2017 година;
  3. Општ годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Општ годишен извештај за реализираната програма за културни активности и прослави на Општина Кратово за 2017 година;
  4. Општ годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Општ годишен извештај за реализираната програма за активности од областа на здравството и социјалната заштита на Општина Кратово за 2017 година;
  5. Општ годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Општ годишен извештај за реализираната програма за спортски активности на Општина Кратово за 2017 година;
  6. Предлог-Одлука за надоместок на трошоците за избори;
  7. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа на комуналната инспекција во Општина Кратово за 2017 година;
  8. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа на градежната инспекција во Општина Кратово за 2017 година;
  9. Предлог-Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 1880 и кп 1881 за КО Кратово, општина Кратово;
  10. Предлог-Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 1856/1 и кп 1857/1 за КО Кратово, општина Кратово;
  11. Предлог-Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 1880 за КО Кратово, општина Кратово;
  12. Предлог-Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 1863 за Ко Кратово, општина Кратово;
  13. Предлог-Одлука за изменување на одлуката за формирање на комисии, одбори и други работни тела на советот на општина Кратово;
  14. Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат и за именување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;
  15. Годишен извештај со Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2017 година;
  16. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово. Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Ранко Арсов

facebooktwittergoogle_pluslinkedin