С О О П Ш Т Е Н И Е за Право на легализација имаат сопствениците на објекти кои се изградени до 03-ти март 2011 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

Врз основа на Закон за изменување на Законот за постапување по бесправно изградени објекти („Сл.весник на РМ“ бр.190/17), се информираат граѓаните на подрачјето на општина Кратово за следното:

Право на легализација имаат сопствениците на објекти кои се изградени до 03-ти март 2011 година

1. Имателите на бесправни објекти на кои заклучно со 03-ти март 2011 година се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна целина можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од 01-ви јануари до 31-ти декември 2018 година.

2. Барателите кои веќе поднеле барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти и им било одбиено барањето поради некомплетна документација пропишана во членовите 6, 7 и 8 од Законот можат да поднесат ново барање за утврдување на правен статус на бесправен објект во рок од шест месеци, односно до 30-ти јуни 2018 година.

3. Барателите кои немаат доставено Геодетски елаборат за утврдена фактичка состојба на бесправен објект до 31.12.2017 година, можат да достават геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект најдоцна до 30-ти јуни 2018 година.

Општина Кратово

Scroll to Top