С О О П Ш Т Е Н И Е до сите граѓани на општина Кратово

С О О П Ш Т Е Н И Е

до сите граѓани на општина Кратово

Почитувани,

ДПТ БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип (РУДНИЦИ ЗЛЕТОВО) е компанија која врши ископ и преработка на олово-цинкова руда. Оваа компанија има потреба од ново вработени рудари, соодветно со зголемувањето на капацитетот при експлоатацијата на рудникот.

Затоа сите полнолетни работоспособни граѓани од општина Кратово кои се заинтересирани, може да достават кратка биографија со контакт податоци, кај градоначалникот д-р Љупчо Бојаџиев (Општина Кратово) и истите пријави ќе бидат проследени до фирмата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ за понатамошно постапување.

Со почит,

Градоначалник на општина Кратово

д-р Љупчо Бојаџиев

Scroll to Top