Дневен ред за деветтата седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на деветтата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам деветтата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 02.03.2018 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово, со почеток во 14 часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

  1. Предлог – Одлука за обезбедување на финансиски средства за поддршка на проект од Програмата за развој на подрачјата со специфични развојни потреби за 2018 година;
  2. Предлог – Одлука за обезбедување на финансиски средства за поддршка на проект од Програмата за развој на селата за 2018 година;
  3. Предлог – Одлука за давање на согласност за примена на Одлуката за определување на висината на цените на комуналните услуги што ги дава ЈП „Кратово“ Кратово;
  4. Предлог – Одлука за давање на согласност за примена на Одлуката за утврдување на цените за издавање на пазаришни места на Градскиот пазар Кратово;
  5. Извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работата на ЈП „Кратово“ Кратово за 2017 година;
  6. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализираните активности предвидени со програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура во општина Кратово за 2017 година;
  7. Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на општина Кратово за 2019 година;
  8. Предлог – Заклучок за давање согласност за барање инвеститор-приватен партнер или продажба на недвижен имот преку спроведување на соодветна законска постапка за јавно приватно партнерство или јавно наддавање, и
  9. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на Локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово. Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател на

Совет на општина Кратово

Ранко Арсов

Scroll to Top