Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2018 година

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/15, 31/16 и 163/16) Градоначалникот на општина Кратово ги известува правните и физичките лица дека се распишува

Јавен повик

за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2018 година

Јавниот повик се распишува согласност член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/15, 31/16 и 163/16) во првиот квартал од 2018 година.

  • Во период од 30 дена сите заинтересирани правни и физички лица треба да достават иницијативи за изработка на урбанистички планови од членот 7 став 1 точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

  • Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов урбанистички план, изменување и дополнување на постоечки урбанистички план или урбанистичко планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.

  • Јавниот повик ќе трае од 14.03.2018 година до 13.04.2018 година сметано од објавата во дневниот весник Нова Македонија.

  • Јавниот повик ќе биде објавен и на веб страната на општина Кратово, на огласна табла на општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на општина Кратово.

  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма во архивата на општина Кратово или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.

  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите.

  • Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат внесени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2018 година.

  • Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

Градоначалник на општина Кратово

д-р Љупчо Бојаџиев

facebooktwittergoogle_pluslinkedin