74 години од првото ослободување на град Кратово

Општина Кратово го одбележува Денот на првото ослободување на градот, односно на ден – 25 април 1944 година граѓаните на Кратово за прв пат ја видоа слободата, иако за кратко за само еден ден. Тој ден, го најави крајот на окупацијата, а и големата воено – политичка победа над окупаторот за ослободување на Македонија.

Затоа во среда (25.04.2018 година) се одбележуваат 74 години на овој значаен историски настан, настан кој ќе започне во 11 часот со полагање на свежо цвеќе на спомен бистата на Павел Шатев, а потоа и на Јове Гичев, Тошо Куковски и на спомен – костурницата во градот, каде ќе им се одаде достојна почит на борците кои ги положија своите животи за слободата на овој град.

По тој повод на нивните спомен – обележја учениците од СОУ „Митко Пенџуклиски“ ќе прочитат прекрасни поеми инспирирани од храбриот подвиг и живот на овие борци за слобода кои се вградија во темелите на слободната македонска држава.

Scroll to Top