Изложба на Верче Андонова

Во организација на Здружението Цивитас и ЦПЛИП „Порака“ – Штип во Кратово во Галеријата на Домот на културата „Лазар Софијанов“  вчера во 12 часот беше отворена изложба на делата на Верче Андонова.

Верче Андонова оваа техника ја научила додека била штитеник на Домот за деца без родители во Скопје.  На самота нејзино претставување рече дека е среќна бидејќи со оваа изложба успеала да докаже дека и лицата со попреченост умеат да творат и создаваат.

На нејзината прва изложба во Кратово беа претставени голем број на дела, а на секој посетител им беше подарен цртеж.

Scroll to Top