ГАСТРОМАК СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА НА ОПШТИНА КРАТОВО И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Д-Р ЉУПЧО БОЈАЏИЕВ ЗА НЕСЕБИЧНА ПОДДРШКА ВО ОДНОС НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ БУДВА 2018.

ГАСТРОМАК СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА НА ОПШТИНА КРАТОВО И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Д-Р ЉУПЧО БОЈАЏИЕВ ЗА НЕСЕБИЧНА ПОДДРШКА ВО ОДНОС НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ БУДВА 2018.
Тимот на готвачи на ГастроМак Македонија, кој што беше во Црна Гора – Будва како и нашиот сограѓанин шеф Цветанче Тодоровски се натпреваруваа во категоријата приготвување јадења: од пилешко и јагнешко – јадење при што со неговото кулинарска вештина и креативност пак ги задоволија највисоките критериуми на натпреварот и ги освои симпатиите на интернационалното жири.
Цветанче кој што освои сребрен медал за пилешко и бронзен за јагнешко – уште еднаш покажа и докажа дека може да се носи рамо до рамо со високите стандарди во светската гастрономија.
Претседателката на асоцијацијата ГастроМак г.Адријана Алачки изјави – Чест и задоволство е да се биде дел од една ваква манифестација и за мене лично, но е и признание за нашата Асоцијација. Цветанче е еден од најмладите шефови во гастро мак и е многу постигнал зашто тој работи како што треба зашто тргна по подобриот пат што го чека во иднина тој ќе остане замене запаметен како еден од врвен гастрономец. Ќе продолжиме со истото темпо да работиме и да предонесеме за нашата држава и гастрономијата.
ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни во Македонија. Како национално здружение, ја претставува Македонија во WACS во која што членуваат национални асоцијации од над 150 држави во светот.

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin