“Писмо некому” – Интерактивна претстава за деца

Претставите за деца „Писмо некому“ и „Палечка Малечка“ гостуваат во Кратово, Крилатица и Злетово

На 29.05. 2018 год. (вторник)  во Домот на културата„Лазар Софијанов” во Кратово, со почеток во 13 часот ќе се одржи  претстава за деца со налов “Писмо некому”. Претставата е во изведба на ЗГ „БУДЕН ТЕАТАР” од Скопје и е наменета за сите дечиња над 5 години.  Влезот е слободен.

„Писмо некому“ е интерактивна претстава за деца, базирана на приказните на познатиот холандски писател Тоон Телехен.Во неа се раскажува за осаменото китче кое живее на крајот на светот, на работ на океанот и затоа никогаш никој не го посетува.Претставата користи интерактивен пристап, хумор и музика, и на индиректен начин ги наведува децата да размислуваат за чувствата.

Во соработка со основните училишта од селата Крилатица и Злетово, Буден Театар ќе одржи по една претстава за тамошните дечиња.

Претставата „Писмо некому“ ќе биде одиграна и во просториите на ОУ „Кирил и Методиј“ во Злетово, во понеделник 28.05 2019 год., со почеток во 18 часот.

За учениците во основното училиште во Крилатица, во понеделник 28.05 2018 год., со почеток во 11.00 часот, ќе се одигра претставата “Палечка малечка”.

“Палечка малечка”е необична интерактивна претстава која ги вклучува децата од почетокот до крајот. Започнува со работилница на која децата своерачно создаваат кукли – самовили, кои пак во последната сцена се дел од вилинското кралство. Во текот на претставата децата садат семчиња, од кои никнуваат нивните мечтаени цветови, а потоа ја следат Палечка на нејзиното необично патување.

Овие претстави се дел од проектот “Триаголници на соработка” кој Буден Театар го спроведува на шест локации:  Кратово–Крилатица -Злетово и Ресен-Крани-Подмочани. Проектот е поддржан од Швајцарска амбасада како и од општина Кратово.

Буден Тетатар Скопје е независен театарски колектив, активен од 2008 година, кој се залага за развој на локалната културна сцена преку продукција на претстави за деца и возрасни, организирање на семинари за театар и креативни работилници за деца. Буден Театар Скопје спроведува и проекти од областа на културата, а почнувајќи од 2012 г. го организира меѓународниот фестивал за детски театар „ФЕНЕР“.

www.budenteatar.org

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin