Успешно прво издание на гастрономската манифестација „Традиционална трпеза Кратово 2018“
На 19.05.2018 година на Градскиот плоштад во Кратово се одржа првото издание на манифестацијата „Традиционална Трпеза Кратово 2018“ во организација на Асоцијацијата на готвачи „Гастромак“ и Адријана Алачки. Пред многубројните посетители се претставија учеснички од оргазнизации на жени од повеќе градови со автентична традиционална храна. Гастрономските специјалитети ги оценуваше стручна комисија на шефови од „Гастромак“ при што III награда освоија претставниците од Општина Могила, II награда освои Општина Крушево додека I – то место го поделија претставничките од Општина Кратово и Општина Велес.
Манифестацијата беше посетена од страна претставници и од димпломатскиот кор и надополнета со богата културно – уметничка програма.



