Сабота 8-ми “Европски фестивал на тамбурашки оркестри“- Кратово 2018

Под покровителство на Министерството за култура и Градоначалникот на општина Кратово, во организација на Здружението зa култура и уметност “Св.Ѓорѓи Кратовски“ од Кратово по осми пат се одржува меѓународната манифестација

“Европски фестивал на тамбурашки оркестри“- Кратово 2018.

Оваа манифестација претставу бренд на градот Кратово, вековна традиција на гаење на македонската староградска музика, преку која истотака го промовиравме нашето културно и музичко творештво.

Фестивалот е од меѓународен карактер и е ставен на Агендата на Европскиот тамбурашки сојуз за одржување на фестивали од Европски ранг.

На фестивалот кој ќе се одржи во сабота (07.07.2018 год.) во Мултимедијалниот центар (Кино сала) во Кратово со почеток од 21 часот ќе учествуваат оркестри и истакнати поединци од областа на тамбурашката музика од Балканските земји.

Фестивалот медиумски ќе биде покриен од неколку регионални и национални ТВ канали  додека свои прилози до јавноста ќе достават и други пишани и електронски медиуми.

По тој повод сакаме да Ви упатиме Покана за Ваше присуство на фестивалот.

ЗКУ “Св.Ѓорѓи Кратовски“- Кратово

Претседател: Милош Димитровски

e-mail: izvorkratovo@yahoo.com

               Контакт тел: +389 78 464 401

facebooktwittergoogle_pluslinkedin