Дестинација – Креација Еднодневни активни тури за деца над 7 години во Кратово и околината

Дестинација – Креација

Еднодневни активни тури за деца над 7 години во Кратово и околината

 

Почитувани родители, драги дечиња,

направете си резервација,

ова лето автобувчето на Буден Театар

ве води кон Дестинација – Креација!

 

Секој ден од 4 до 8 август 2018 год. ќе се организираат еднодневни активнитури наменети за децата од Кратово, Куклица, Злетово и околните места, во кои преку креативни активности дечињата ќе имаат можност одново да ги откријат местата од својата околина.

Турите се наменети за деца над 7 годишна возраст, траат по 4 часа и вклучуваат:

  • Истражување на природните убавини и атракции во Кратово и околината, и нивно преоосмислување преку стимулативни игри и креација
  • Придружба од обучени и искусни уметници и фасилитатори
  • Време за одмор и лесна ужина
  • Организиран превоз

Учеството е бесплатно, но пријавувањето е задолжително!

Услов за учество е пријавување на e-mail и писмена согласност од родител за снимање. Сите тури ќе бидат снимани и емитувани. Заинтересираните може да се пријават на следниот mail: trianglesofcooperation@gmail.com, со назнака Креативно Кратово.

Бројот на деца е ограничен на 20 деца во една тура.Пријавувањето може да биде за една или повеќе тури. Предност ќе имаат пријавените за сите 5 дена.

Креативните тури се продолжение на активностите кои преку проектот „Триаголници на соработка” Буден Театар ги спроведува во Преспа и Кратово. Досега беа спроведени обуки за реализација на креативни програми за деца, реализирани 42 креативни работилници за деца и беа прикажани 6 гостувања на претстави на Буден Театар. Проектот е поддржан од Швајцарска амбасада во Скопје, а локални партнери се општините Кратово, Ресен и Пробиштип, Музејот на град Кратово, Домовите на култура во Кратово и Ресен, основните училишта во с.Крилатица, с.Злетово, с.Крани и с. Подмочани, како и граѓанските организации Акција Плус – Ресен, Изида – Ресен, и Регионален центар за одржлив развој.

„Буден Тетатар” од Скопје е независен театарски колектив кој се залага за развој на локалната културна сцена преку продукција на театарски претстави, креативни работилници за деца, едукација за професионална надоградба, проекти насочени кон локален развој. Основач е на „Фенер” – меѓународен фестивал на детски театар.

 

Информации и пријавување: trianglesofcooperation@gmail.com

FB настан: https://www.facebook.com/events/434909350359080/

www.budenteatar.org

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin