Локален совет за превенција на Општина Кратово одржа состанок

Превенцијата е еден од најбитните начини на дејствување, бидејќи најдобро е навреме да се спречат одредени состојби, а не потоа да се пресметуваат предизвиканите штети независно дали се предизвикани од човечко невнимание или се последица на природни непогоди.

Во таа насока, вчера (25.07.2018 година – среда), Локалниот совет за превенција на општина Кратово го одржа првиот состанок во оваа година со главна точка на дневниот ред „Превенција од пожарите кои се јавуваат во летниот период.“

Учесници на состанокот: Градоначалникот на општина Кратово, началник на одделение за полиција Зоран Јовановски и Началник на отсек за превенција Виолета Богдановска од СВР Куманово и претставници од ПСОН Кратово, од ТППЕ, Шумска полиција, ЦУК, ДСЗ, ЈП Македонски шуми, Ловечко друштво кои главно дискутираа за начините на заедничкото превентивно дејствување на сите надлежни институции во случај на пожар како и во мерките за превенција како не би дошло до вакви состојби.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin