ГРАДОНАЧАЛНИК НА
ОПШТИНА КРАТОВО
Бр. 08-853/14
03.08.2018 година
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кратово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Подадени раце” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци/9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Кратово.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци / 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,оо денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
– млади лица до 29 години
– лица постари од 50 години
– лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност
– лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
– лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
– жртви на семејно насилство
– инвалидни лица
– жени припадници на помалите етнички заедници
– самохрани родители
– родители на деца со пречки во развојот
– родители на 3 и повеќе деца
– лица со незавршено средно или пониско образование
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
- НЕГУВАТЕЛ НА СТАРИ, ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ (4 лица)
- ФИЗИОТЕРАПЕВТ (2 лица)
- СОРАБОТНИК ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ (1 лице)
- ОБРАЗОВЕН АСИСТЕНТ ВО РЕДОВНА НАСТАВА (1 лице)
Заинтeресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско – корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Кратово во периодот од 03.08.2018 година до 13.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кратово и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско – корисна работа“ можат да се добијат во општина Кратово кај лицето Катерина Станковиќ, Општински координатор за Програмата „Општинско – корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Кратово кај лицето Магдалена Арсовска, Центар за социјлна работа Кратово кај лицето Невенка Јовановска.