Драги граѓани на Кратово,
Со огромна чест, желба и ентузијазам Ве покануваме на нашата прва волонтерска еколошка акција. Целта на оваа акција е да се исчистат патеките и паркот во Карши бавча, а воедно да докажеме дека можеме сите заедно еколошки да се однесуваме кон прекрасната околина која ја имаме во Кратово. Секој е добредојден да нѝ се приклучи и да направи промена.
Местото каде што ќе се сретнеме е пред Гостилница „Кај Спиро” во 11:00 часот на 18.08.2018 (сабота).
Ние ќе обезбедиме ракавици и вреќи за отпадокот. Дополнително, со Вас можете слободно да донесете сѐ што сметате дека ќе може да помогне (метла, лопата), но најважно од сѐ е да донесете со Вас ентузијазам.
Ве очекуваме!
Дополнителни информации на:
тел. 079/288-954 / 077/868-259
e-mail: kulakratovo@yahoo.com



