Повик до сите спортски здруженија и клубови

Почитувани,

Ве известуваме дека Општина Кратово е во фаза на изготвување на програмите за 2019 година, меѓу кои и програмата за спорт.

Во таа насока, јавно се повикуваат сите спортски друштва (здруженија, клубови), кои се регистрирани и/или функционираат на територијата на општина Кратово, да ја доставаат својата Програма за работа 2019 година со предвидениот Финасиски план за 2019 година со цел имплементирање на дел од тие активности во рамки на Буџетот на Општина Кратово 2019,  во дел од средствата за поддршка на спортот и спортските активности во нашата општина.

Ве молиме, програмите да ги доставите најдоцна до 18.10.2018 г. до Одделението за правни и јавни дејности при Општина Кратово секој работен ден од 8-16 часот или пак, да ги доставите во електронска форма на e-mail адресата: contact.kratovo@gmail.com

Ви благодариме за соработката!

facebooktwittergoogle_pluslinkedin