Промотивен настан – Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби

Здружението Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби во Вторник 31.10.2018 год оддржа Промотивен Настан во просториите на Општинската сала во Општина Кратово со почеток во 12:00 часот.

Ресурсниот Центар е замислен како национален родителски сервис кој ќе служи на други родители и нивните деца со посебни потреби кои имаат потреба од некаква подршка во нивните лични борби. Ресурсниот Центар на родители е креиран со цел да биде првата референтна точка на родители на деца со посебни потреби и ќе нуди основни совети и обуки на новодијагностицираните семејства.

На настанот, како претставник на Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби свое излагање имаше регионалниот координатор Маргарита Милошеска, а присуствуваа претставници од воспитно-образовните институции од општината, Центар за социјални работи од Кратово, Дневниот центар за лица со телесна и ментална попреченост, родители на деца со попреченост и останати лица.
По завршувањето на презентациите следеше дискусија во однос на состојбата на децата со посебни потреби и нивните семејства во Општина Кратово во која се вклучија сите присутни гости.

Присутните беа запознаени со целите и мисијата на Ресурсниот центар односно за емоционалната поддршка и совети околу се она што е врзано со лица со посебни потреби, да контактираат на следните линии за помош на  +389 78 449 852, +389 78 449 851 (линии кои се отворени од 9 до 16 часот секој работен ден).

Повеќе информации: http://resursencentar.mk/

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin