Здружението Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби во Вторник 31.10.2018 год оддржа Промотивен Настан во просториите на Општинската сала во Општина Кратово со почеток во 12:00 часот.
Ресурсниот Центар е замислен како национален родителски сервис кој ќе служи на други родители и нивните деца со посебни потреби кои имаат потреба од некаква подршка во нивните лични борби. Ресурсниот Центар на родители е креиран со цел да биде првата референтна точка на родители на деца со посебни потреби и ќе нуди основни совети и обуки на новодијагностицираните семејства.
На настанот, како претставник на Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби свое излагање имаше регионалниот координатор Маргарита Милошеска, а присуствуваа претставници од воспитно-образовните институции од општината, Центар за социјални работи од Кратово, Дневниот центар за лица со телесна и ментална попреченост, родители на деца со попреченост и останати лица.
По завршувањето на презентациите следеше дискусија во однос на состојбата на децата со посебни потреби и нивните семејства во Општина Кратово во која се вклучија сите присутни гости.
Присутните беа запознаени со целите и мисијата на Ресурсниот центар односно за емоционалната поддршка и совети околу се она што е врзано со лица со посебни потреби, да контактираат на следните линии за помош на +389 78 449 852, +389 78 449 851 (линии кои се отворени од 9 до 16 часот секој работен ден).
Повеќе информации: http://resursencentar.mk/