Повик до спортски друштва

Се повикуваат сите спортски друштва (здруженија, клубови), кои се регистрирани и/или функционираат на територијата на општина Кратово, да ја доставаат својата Програма за работа 2019 г. со предвидениот Финасиски план за 2019 г., со цел имплементирање на дел од тие активности во рамки на Буџетот на Општина Кратово 2019,  во дел од средствата за поддршка на спортот и спортските активности во нашата општина.

Ве молиме, програмите да ги доставите најдоцна до 19.11.2018 г. (понеделник) до Одделението за финансии при Општина Кратово секој работен ден од 8-16 ч, или пак, да ги доставите во електронска форма на e-mail адресата: contact.kratovo@gmail.com

Ви благодариме за соработката!

facebooktwittergoogle_pluslinkedin