Завршен настан „Триаголници на соработка“

П О К А Н А

– завршен настан „Триаголници на соработка“

Почитувани,

Буден Театар има чест да Ве покани на завршниот настан во рамки на проектот „Триаголници на соработка“, поддржан од Швајцарската Амбасада во Македонија, на 23ти ноември, петок, со почеток во 13.00 часот во просториите на Домот на култура „Лазар Софијанов“ – Кратово – галерија.

На средбата ќе бидат прикажани видеата снимени за време на креативните тури „Дестинација – Креација“, кои Буден Театар со учесниците во менторската програма ги спроведе во јули 2018 година. Исто така ќе се осврнеме на пренесеното знаење, стекнатите искуства, резултати и можности за одржливост на културните програми за деца.

Се надеваме на Ваше присуство.

Срдечно,

Тимот на Буден Театар

www.budenteatar.org

+389 77 817 452
+389 78 655 429
facebooktwittergoogle_pluslinkedin