Новогодишното издание на емисијата „Вкусот на традицијата“ снимено заедно со ученици од Кратово

На 24 декември 2019 г., тим од Кратово составен од седум ученици од СОУ „Митко Пенџуклиски“, Цветанче Тодоровски, Младен Мицевски и Стевче Доневски, со подршка од Општина Кратово и градоначалникот д-р Љупчо Бојаџиев, учествуваа на снимањето на новогодишното издание на емисијата „Вкусот на традицијата“ на Адријана Алачки, во продукција на ТВ Алфа.

49151069_290407878345876_744356547232006144_n

За потребите на снимањето на оваа емисија, што се одржа во комплексот Етно Село „Тимчевски“- Куманово, учесниците и претставниците од Кратово приготвија богато мени од традиционалната кратовска кујна:  мантии, качамак, пастрамајка, проја, арм’к,  катмер, вртена баница, тиганици, ванилици, кокос колач, лутика со компири, турли тава, торта и уште многу други специјалитети. На снимањето исто така учестуваа и тимови од Могила, Прилеп, Струмица, Радовиш, Крушево, Скопје, УГД Штип и др.

48427768_537006723484777_4580772914005016576_n

Поради богатата и вкусна традиционална трпеза, комисија составена од членови на Здружението на готвачи ГАСТРОМАК на нашиот тим од Кратово додели сребрен медал и пехар за најдобра традиционална кујна.

Новогодишното издание на емисијата „Вкусот на традицијата“ со нашите претставници и негувачи на традиционалната кујна ќе биде емитувана на ден 1 јануари 2019г. на ТВ Алфа со почеток од 12 ч.

49076992_2296257307322228_5598660775674642432_n(1) 49106224_376492423113638_664120970390274048_n 49123126_343872926432721_3150930472410808320_n

Scroll to Top