И З В Е С Т У В А Њ Е за ТРИБИНА – Згрижувачки семејства „Помогни и згрижи“

И З В Е С Т У В А Њ Е

 ЈУ Центар за социјална работа Кратово, со цел зголемување на бројот на згрижувачки семејства, со подршка на локалната самоуправа при општина Кратово и Агенцијата за вработување ПЕ Кратово организира

ТРИБИНА – Згрижувачки семејства

„Помогни и згрижи

semejstvo-logo

(на ден 10.01.2019 година – четврток во 13.30 часот во општинска сала за состаноци)

Се покануваат сите заинтересирани граѓани на општина Кратово да земат активно учество во истата.

На трибината ќе биде претставена формата на згрижувачко семејство, постапката и процедурата како се станува згрижувач, како и кои се бенефициите на згрижувачките семејства.

                                                                        ЈУ Центар за социјална работа

                                                                                              Кратово

facebooktwittergoogle_pluslinkedin