Доделени социјални пакети на социјално најзагрозените семејства

Согласно најавата, односно известувањето од страна на градоначалникот на Општина Кратово, д-р Љупчо Бојаџиев за пренаменување на финансиските средства за коледарски огнови и бадникови прослави, истите се наменети за помош на социјално најзагрозените семејства во Кратово.

Имено, за време на Божиќните празници, се доделија социјални пакети од прехранбени артикли и хигинески средства на вкупно 14 социјално најзагрозени семејства во Кратово и околината, согласно евидентниот список на ЈУ Центар за Социјална работа-Кратово на лицата корисници на права од социјална заштита, кои се изложени на социјален ризик.

Социјалните пакети во вкупна вредност од 26.000 денари, обезбедени од Буџетот на општината, ги содржат следните артикли: сапуни, шампнони за коса, детергенти за перење алишта, брашно, масло, шеќер, сол, макарони, фиде, шпагети, сирење, сувомеснати производи, пилешко месо, џигери, млеко, портокали и банани.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin