ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ АПЛИКАЦИЈА ЗА НОМИНИРАЊЕ НА ЛЕСНОВО ЗА ГЕО-ПАРК

Општина Кратово и Општина Пробиштип на ден 23.01.2019 година во Штип потпишаа Согласност кон  Договорот за изработка на апликација за номинирање на Лесново за Гео-парк, кој го потпишаа Центарот за развој на Источно планскиот регион и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

geo-park-1024x576

Согласно овој Договор, изработената апликација ќе биде поднесена пред Националната Комисија во периодот октомври – ноември 2019 година, која пак ќе треба да ја предаде до Советот за глобални Гео-паркови на Унеско.

Иницијативата за поднесување на апликација за номинирање на Лесново за Гео-парк се базира на геолошкото наследство и биолошкиот диверзитет, со кој располага Лесновскиот крај. На потпишувањето на овој Договор претходеше работилница за размена на искуства за гео-паркови, што се одржа во Пробиштип во ноември 2018 година.  Со цел успешно, односно позитивно оценување на апликацијата за прогласување на Лесново за гео-парк, ќе следат инфраструктурни проекти.

Со прогласување на гео-парк,  Лесново би станал прв гео-парк во Република Македонија, а втор на Балканот, со што би се постигнал голем бенефит во насока на заштита и зачувување на природата, а воедно и економски прогрес преку развој на туризмот.

Scroll to Top