ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „ЛАКОМАТА МЕЦА“ ВО КРАТОВО

По повод престојниот патронен празник на Кратово, Св. Ѓорѓи Кратовски, со задоволство ве известуваме дека во рамки на празничната програма на настани организирана од Општина Кратово,  НУ Театарот за деца и млади од Скопје ќе гостува во Кратово со претставата за деца „Лакомата меца“.

2.lakomata meca

Театарската претстава ќе се одржи во Мултимедијалниот центар (Кино салата) во Кратово, на ден 22.02.2019 г. (петок), со почеток во 14ч. Влезниците по цена од 30 денари ќе можат да се подигнат во Домот на културата „Лазар Софијанов“ од среда (13.02.2019 г).

Театарската претстава „Лакомата меца“ е наменета за најмалите деца. Во неа се зборува за основните бон-тон правила во јадењето на оброците. Низ интеракција со децата Лакомата Меца е предупредена дека не треба да биде стрвна кога јаде и дека секој залак треба добро да се изџвака, зашто во спротивно има опасност да се задави. Мецата нејќе да ги послуша децата и продолжува со стрвното јадење, па се случува токму најлошото. Една коска и се заглавува во грлото, па напомош и притрчуваат останатите шумски животни. Дали конечно мецата ќе ја научи лекцијата по пристојно и сугурно јадење, ве покануваме да откриете.

3.lakomata meca

Претставата е во режија на Дарин Петков, а автор е Ран Босилек, додека актерската екипа е составена од: Ана Левајковиќ Бошков, Катарина Илиевска Силјановска и Мартин Јорданоски.

Ве очекуваме!

1 lakomata meca

Scroll to Top