Фотoграфска изложба „По трагите на Св.Кирил и Методиј“ – петок, 22.02.2019

По повод патрониот празник на Кратово, Св. Ѓорѓи Кратовски, Општина Кратово со задоволство Ве поканува на отварањето на фотoграфската изложба „По трагите на Св.Кирил и Методиј“, што ќе се одржи во Дом на Култура “Лазар Софијанов” – Кратово на 22.02.2019г. (петок) со почеток во 13ч.

Изложбата се состои од вкупно 32 дела и дел од истата ќе биде поставена во изложбениот простор на Музеј на град Кратово.

51762309_2071878419557380_6260300805451022336_n

Авторот на фотографиите е Павол Демеш од Братислава, Република Словачка. Фотографиите се правени во период од три годиини  при посетите на местата поврзани со животот и дејноста на словенските просветители. Затоа, оваа изложба претставува една фотографска биографија на Св. Кирил и Методиј.

Оваа изложба прв пат е претставувана во изложбените салони во Братислава, во неколку градови во Европа и Сад.

Изложбата „По трагите на Св.Кирил и Методиј“ во Кратово се организира под покровителство на Амбасадата на Република Словачка во Скопје. Досега изложбата на македонската публика  е претставена во Скопје и Охрид.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin