КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „КРАТОВО ПЕЕ“

КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „КРАТОВО ПЕЕ“

На ден 23 март 2019г. во Музеј на град Кратово со почеток во 12ч. ќе се одржи манифестацијата „Кратово пее“, со што ќе биде одбележан  Денот на пролетта и Светскиот ден на поезијата.

Манифестацијата „Кратово пее“ се состои од поетско читање на творби oд повеќе македонски автори во пријатна музичка придружба, а за сите присутни и учесници ќе следи коктел приготвен од учениците од СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово.

Овој културен настан е инициран и во организација на Здружението на просветни работници – литературни творци на Македонија, во соработка и покровителство на Општина Кратово и Музеј на град Кратово, како и СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово.

Здружението на просветни работници-литературни творци на Македонија постои повеќе од 25 години и во него членуваат истакнати поети и писатели, осведочени и потврдени во нашата земја. Основна цел ни е негување на пишаниот збор преку разни манифестации и промоции како и поттикнување на млади автори за творење и печатење дела.

IMG_2349 IMG_2356 IMG_2355

facebooktwittergoogle_pluslinkedin