ДВЕ TEАТАРСКИ КОМЕДИИ ВО КРАТОВО НА ДЕНОТ НА ШЕГАТА

ДВЕ TEАТАРСКИ КОМЕДИИ ВО КРАТОВО НА ДЕНОТ НА ШЕГАТА

Светскиот ден на шегата во Кратово ќе биде одбележан со две театарски претстави (комедии) во продукција на театарот „Провокација“ од Скопје.

Имено, на ден 1 април 2019 г. (понеделник) во Мултимедијалниот центар (Кино салата) во Кратово со почеток во 10.30ч ќе биде изведена театарската претстава за деца „Зеленковци“, додека во вечерните часови со почеток во 20ч, возрасната публика ќе има можност да ја проследи 52-та изведба на комедијата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“.

„Зеленковци“ e eколошко-едукативна-интерактивна претстава за деца. Изведбата на оваа претстава ќе биде бесплатно проследена од децата во соработка со ЈОУДГ „Царка Андреевска“- Кратово и ООУ „Кочо Рацин“- Кратово. Истата се реализира како дел од програмата за култура на Општина Кратово, во рамки на активноста 1 ви  април – Ден на шегата“.

54514489_2486874707993702_7436396321499512832_n

„Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ е урнебесна комедија која цели две години се игра на сцената на ТЕАТАР КОМЕДИЈА пред преполни салони. Инаку, ова е првото реално шоу во театар. Дејството на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“ помеѓу лекторката Кети Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. Тој – маж со неуспешен брак зад себеси, решен никогаш веќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура, Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се омажи на оваа средба, уште истата вечер. Билетите се пуштени во продажба во Домот на културата „Лазар Софијанов“ – Кратово по цена од 80 денари.

4

facebooktwittergoogle_pluslinkedin