НАЈМЛАДИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ШЕГАТА ВО КРАТОВО

НАЈМЛАДИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ШЕГАТА ВО КРАТОВО

Одбележувањето на „1 Април – Денот на шегата“ во Кратово  започна  со изведба на театарската претстава за деца „Зеленковци“ во продукција на „Театар Провокација“ од Скопје.

Претставата се одржа во  Мултимедијалниот центар (Кино салата) со почеток во 10.30ч  и истата беше  проследена (бесплатно) од децата во соработка со ЈОУДГ „Царка Андреевска“- Кратово,  ООУ „Кочо Рацин“- Кратово и Дневниот центар за престој на лица со попреченост – Кратово.

По претставата, децата ја продолжија манифестацијата на Плоштадот Маршал Тито во Кратово, каде што пред бројна публика се одржа Дефиле на маски и споделување на шеги и песнички.

Април

1 април

Детска претстава

1-ви април

facebooktwittergoogle_pluslinkedin